Во престрелка на венчавка во Авганистан 21 убиен

0
277

Најмалку 21 човек е убиени а уште десетина се ранети во пукање во текот на венчавка во покраината Баглан во северен Авганистан, соопштија локалните власти.

Гувернерот на покраината Баглан, Џавид Башарт во понеделникот изјавил дека повеќе од десет лица се ранети на свадбената церемонија којашто се одржала во неделата вечерта во вооружена престрелка меѓу две групи кои присуствувале на венчавката во областа Андараб, пренесува агенцијата Associated Press.

Повеќето од убиените, како што наведува BBC, биле гости на венчавката на возраст меѓу 14 и 60 –годишна возраст. Авганистанските сили се испратени на местото на судирот, а се стравува дека бројот ан жртвите може да биде поголем.

„Додека ги собиравме телата беше тешко да се заклучи кој пукал а кој не, бидејќи не можевме да го пронајдеме оружјето“, рекол локален полициски функционер. Според него, полициските сили биле распоредени за ја спречат престрелката, но според некои локални медиуми, таа продолжила и во понеделникот.

Според началникот на локалната полиција, бригадниот генерал Абдул Џабар Пурдал, престрелката избувнала откако бил убиен еден роднина на полициски функционер во покраината, Наведува дека околу 400 луѓе се собрале на венчавката на синот на еден локален имам, како и дека биле присутни припадници на две групи кои подолго време биле во меѓусебен конфликт.

Без коментари

LEAVE A REPLY