Во престрелка во Белград убиен водачот на навивачите на Партизан

0
450

во близина на Централниот затвор, убиен е Александар Станковиќ, водач на навивачката група „Гробари“.

Како што пренесуваат медиумите, во престрелката е рането уште едно лице, кое работелo како чувар во затворот.

Мотивите за убиството во овој момент не се познати, а нападот го извршиле две лица, кои со автоматска пушка пукале од автомобил во движење.

30-годишниот Александар Станковиќ беше водач на навивачката група „Гробари“, а на јавноста најдобро ѝ е познат како едно од трите лица кои во април физички ги нападнаа тогашниот директор на Партизан, Милош Вазуру, и го претепаа неговиот возач.