Во претурената куќа го пронашол татка си убиен

0
288

Полициската станица од Кичево, презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „разбојништво“ во кое со смртни последици се здобил Зулфиќар М. (77) од Кичево.

Безживотното тело, го пронашол неговиот син вчера во 16 часот и 55 минути во куќата на својот татко на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево.

-Тој при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата, информираат од СВР Охрид