Во Прилеп одбележани 16 години од масакрот кај Карпалак

0
421

Денеска во Прилеп беа одбележани 16 години од масакрот кај Карпалак. При тоа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, претставници на Парламентот, од кабинетот на Претседателот, од ГШ на АРМ преводени од генералот Павле Арсовски, од МО, од семејствата на загинатите, од политички партии и НВО положија цвеќиња на спомен обележјето Карпалак во центарот во Прилеп, изградено во чест на загинатите 10 прилепски бранители.

Министерот Сугарески оддавајќи им почит на загинатите кај Карпалак, упати повик за обединување.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, и сам учесник во настанот, истакна дека во неговиот живот овој ден бил еден од најтешките денови.

 

Без коментари