Во Прилеп прослава на празникот Свети Никола

0
548
Со свечена литургија,палење свеќи и молитви пред параклисот во центарот на градот, денеска Прилеп го чествуваше градскиот патрон св. Никола.На светиниколската трпеза, беа сервирани 70.000 посни сарми,по 300 килограми грав и риби, и 1000 литри вино, ракија, сокови.
 За Тутунски Комбинат, годинешниот домаќин на манифестацијата, ова чествување има посебно значење.
А, иден кум на градската слава ќе биде конфекцијата со грчки капитал „Васидора“.
Од името на Општината, градоначалникот Марјан Ристески, на годинешните и идните домаќини им подари икони со светецот. Тој потсети дека токму со оваа манифестација и подготвени 80.191 сарма пред неколку години, градот за прв пат е запишан во Гинисовата книга на рекорди.