Во протестите во Приштина повреден 21 полицаец и еден новинар

0
420

Косовската полиција соопшти дек за време на насилните демонстрации синоќа во Приштина е повреден 21 полицаец и еден новинар, јави Танјуг.

Од безбедносни причини, отстранети се шаторите од централниот плоштад во Приштина, во кои претходните три дена кампираа приврзаници на опозицијата.

Соопштено е исто така, дека се уапсени пет демонстранти.

Полицијата на својот сајт наведува дека демонстрантите кои биле со фантомки на глава нередите ги започнале нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле распоредени припадници на косовската полиција.