Во Ресен пуштена во употреба зградата со социјални станови

0
592

Премиерот Никола Груевски денеска во општина Ресен ги пушти во употреба новата зграда со 18 социјални станови, новоизграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев” и новата плажа во Стење.

 Зградата со социјални станови, како што нагласи премиерот, е дел од големиот проектот на Владата за изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи категории граѓани.- Проектот е одраз на нашите заложби за поддршка на многу граѓани кои се во социјален ризик и кои многу тешко или воопшто не можат да купат, изградат или да дојдат до свој стан или куќа. Зградата има 18 стана кои во наредниот период преку соодветна процедура ќе се распределат на повеќе социјално загрозени семејства од Ресен, рече Груевски.

Во рамките на ОУ „Гоце Делчев“ беше пуштено во употреба ново тениско игралиште, дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени ширум Македонија. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони денари

Без коментари

LEAVE A REPLY