Во Рим повеќе илјади демонстранти против владата

0
361

Повеќе илјади луѓе протестираа во саботата вечерта во центарот на италијанската престолнина Рим против политиките на владата на премиерот Матео Ренци, во прв ред против приватизацијата не несигурноста.

Во протесната поворка учествуваа сезонски работници, учители, приврзаниците на правото на стан за сите и синдикалисти незадоволни поради приватизацијата трошењето на јавните пари, кастрењата во социјалните служби и иселувањето од становите.

Протестите одржани под мотото „Градот не е на продажба“, беа обезбедувани од голем број полицајци, кои им го попречија приодот кон градскиот совет на демонстрантите кои сакаа да тргнат кон него по прошетката низ центарот на Рим.

Со италијанската престолнина, кога нејзиниот поранешен градоначалник Игнацио Марино поднесе оставка, управува префект кого го именуваше владата за да осигури власт во градот до новите избори, кои најверојатно ќе се одржат во јуни. Префектот Паоло Тронца создаде многубројни незадоволници кога започна да ги кастри трошоците настојувајќи да ги намали загубите на градската римска управа.

„Овие протести се важни за да се обидеме да покренеме некои планови на римската градска управа и на државата“, изјави Стефано Фасини, поранешен член на левото крило на Демократската партија (PD) на премиерот Матео Ренци.

Според написите на италијанските медиум, владата на Ренци сака да ја забрза приватизацијата за да го намали големиот државен дол, на што се противи дел од италијанската левица./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY