Во Романија 77 онколози обвинети за корупција

0
365

Романското Обвинителство соопшти дека против 77 лекари се подигнати обвиненија поради сомневање дека фармацевтска компанија им платила пат до Индија, а за возврат барале онколозите да препорачуваат нивни лекови за пациенти заболени од рак, пренесува МИА.

Обвинителството наведува дека таа компанија, чие име не е наведено, наводно платила на онколозите учество на конгрес за рак на дојка во Бангалоре во Индија во март 2012 година. Наместо на конгресот, лекарите биле во Њу Делхи оддалечен повеќе од 2.000 км.

Дел од лекарите биле на тоа патување со своите семејства.

Фармацевтската компанија платила 520.000 евра од кои 417.000 биле мито, тврди Обвинителството.