Во Романија почнаа парламентарните избори

0
413

Во Романија утринава почнаа парламентарните избори, пренесе ТАСС. Годинава тие се оддржуваат под новите правила, откако во 2015 година се изврши промена на изборното законодавство, со кое досегашниот мнозинско-пропорционален систем се заемни со гласање само за партиски листи.

Над 18 милиони избирачи денеска се поканети да се појават пред гласачките кутии за да се избере составот на следниот романски Парламент.

За првпат Романците кои живеат во странство имаат можност да гласаат по пошта, а над 4.500 Романци од дијаспората веќе го искористиле ваквото свое право до крајниот рок, 8 декември.

Последните социолошки истражувања покажуваат убедлива предност за Социјалдемократската партија (СДП), а институтите ИРЕС и СОЧИОПОЛ прогнозираат меѓу 42 и 44 проценти поддршка за социјалдемократите.