Во Русија уапсени терористи кои спремале напади во Москва

0
282

Четири лица се уапсени во Русија, осомничени дека подготвувале терористички напади во Москва. Руската федерална служба за безбедност информираше дека групата планирала да изведе самоубиствени напади на фреквентни места во Москва, како транспортни објекти и трговски центри.

Подготовката била раководена од Емисар на групата исламска држава, кој дејствувал по наредба на неговите лидери од Сирија. Во непосредна близина на руската престолнина била откриена и уништена и нивната лабораторија за експлозиви.

http://24vesti.com.mk

Без коментари