Во Русија во свлечиште со вода заробени 300 туристи

0
230

Околу 300 туристи, меѓу кои се и стотина странски туристи, се заробени во планинскиот дел Елбрус во Русија.

Имено, незадржливо свлечиште со вода ги блокирало сите патишта кои на заробените туристи би им пружиле евентуален излез.

Руските спасувачки екипи моментално развиваат план за евакуација.

Лизгањето се случило во регионот по полноќ, во 2.50 часот, при што три автомобили, во кои биле пет лица, паднале во реката. Две лица се спасени, а по другите три сè уште се трага. Исчезнат е и шефот на областа, Муса Јапурев, кој прв пристигна на местото на лизгалиштето.

Медиумите известуваат дека речиси 7.700 луѓе во областа може да бидат блокирани поради лизгалиштето, заедно со 260 странци.