Во руските напади, загинаа 36 цивили

0
1705

Во воздушните напади, кои Русија вчера ги изврши во Сирија загинаа најмалку 36 цивили, вклучувајќи и пет деца, соопшти главната сириска опозициска група, Националната коалиција.

– Во руските напади во покраината Хомс се убиени најмалку 36 цивили, кои се бореле против екстремистите, тврди лидерот на Националната коалиција, Халед Хоја.

Сириската опозиција нагласува дека ги добила имињата на жртвите и очекува извештаи од другите делови на земјата.

Русија вчера почна воена операција против Исламска држава во Сирија, а Министерството за одбрана соопшти дека цели се воена опрема, комуникации, магацини за оружје, муниција и гориво.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека главна задача на руското воздухопловство во Сирија е борбата против тероризмот и поддршката на легитимните сириски власти во антитерористичките напори.

Без коментари

LEAVE A REPLY