Во сабота премиера на „Дупло дно“

0
642

Во сабота четврта премиера на битолскиот народен театар „Дупло дно“. Станува збор за драмски текст на Горан Стефановски , кој ќе се игра под режисерската палка на  Ангелчо Илиевски. Во претставата „Дупло дно” ќе настапат Петар Мирчевски, Габриела Петрушевска, Филип Мирчевски, Катерина Аневска и Мартин Мирчевски. Според режисерот Илиевски, текстовите на Стефановски, и посебно текстот „Дупло дно” денес е поактуелен отколку во времето кога е напишан, односно во 1983 година, а актерите на сцената направија своевидна интимна претстава.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Нечак.