Во самоубиствен напад во Јемен загинаа најмалку 60 луѓе

0
247

Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 45 лица, а 60 се повредени, соопшти организацијата Лекари без граници.

Напаѓачот со возило влетал во група регрути.

Нападот е изведен во северниот дел на Аден, каде има припадници на Народниот отпор, локални сили кои ѝ помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град на Јемен, Сана.

Хутите имаат поддршка од Иран.