Во самоубиствен напад во Пакистан најмалку 52 мртви

0
335

Во самоубиствен бомбашки напади изведен во близина на градскиот парк во североисточниот пакистански град Лахоре, загинаа најмалку 52 лица, од кои најголем дел се деца и жени, а повредени се уште други 150, објави пакистанската полиција во неделата, а се смета дека цел биле припадници на малата христијанска заедница кои го празнуваат католички Велигден.
Експлозијата одекнала во зоната за паркирање во близина на влезот на затворениот парк Ѓулшан ел-Икбал, во непосредна близина на детски лулашки.

Многу од повредените се во критична состојба, изјавил за AFP Салман Рафик, советник за здравство на покраинскиот премиер на Пенџаб.

Началникот на локалната полиција Хајдер Ашраф изјавил дека областа во којашто бил извршен нападот била преполна со христијани, кои го празнуваат католички Велигден, како и дека во времето на нападот многу семејства го напуштале паркот.

„Најмалку 52 луѓе се убиени, а повеќе од стотина се ранети. Повеќето убиени и ранети се жени и деца“, изјавил полицискиот началник Мустансар Фероз за Reuters.

Претставници на службите за спасување потврдиле дека во болничките мртовечници пренесле повеќе од 30 тела. Полицијата пак соопштила дека засега не може да потврди што ја предизвикало експлозијата, но дека според сите показатели станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Покраината Пенџаб, како и нејзиниот административен центар Лахоре, вообичаено се помалку се цел на терористички напади и насилства отколку остатокот од Пакистан, каде што се особено активни пакистанските талибани но и големи криминални групи.

Неодамна најмалку 17 лица ги загубија животите кога моќна бомба експлодираше во автобус кој превезуваше државни службеници во проблематичната покраина Кибер Панктунква во близина на границата со Авганистан. /крај/мф/сн