Во село Егри пронајдена неексплодирана граната од Прва светска војна

0
217

Гранатата во локалната полиција во Битола е пријавена вчера околу 8:40 часот.

Односно, 49-годишниот Љ.П. од селото Породин пријавил дека неексплодираната артилериска граната од Прва светска војна ја пронашол при обработка на земјоделско земјиште во селото Егри.

Како од информираат од Министерството за внатрешни работи, гранатата вчера утрото во 9:10 часот била безбедно подигната од екипа од Дирекцијата за заштита и спасување.