Во сенката на кафезот, прв роман на доц.Ангелина Станојоска

0
1168

 – Во сенката на кафезот, затоа што вчера е денес, а денес е утре. Затоа што минатото секогаш се враќа со целата силина и не учи дека одлуките кога тогаш ја праќаат својата сметка. Затоа што долгите, темни ноќи поминати со војските црни букви на белата празна хартија, создадоа приказна за пријателите, љубовта, но и болката и загубата- ова е дел од првиот роман на доцент Ангелина Станојоска, Во сенката на кафезот.

Приказна толку интимна, а во исто време и толку далечна.

 – Немоќна ли е – или дури и непотребна аналитичката опсервација која ќе нè соочи со едно и навистина хомогено целосно остварено уметничко, особено романескно дело? А за првото книжевно остварување на Ангелина С. Станојоска, романот „Во сенката на кафезот“, секако и недвосмислено може да се рече дека со својата мозаична структурна сложеност на неговото, по тема криминалистичко – љубовна фабула, претставува една хомогена и целосна камерна проза, мошне читлива, како некогаш печатените и мошне популарни романи со криминалистичка содржина. Ништо во овој роман не е така пресилено и нападно модерно, но во исто време, ништо во него не е така и и толку познато, изживеано и традиционално, за да не може да биде прифатливо и за најмодерните интенции во литературата во поново и денешно време-вели писателот, воедно рецензент на романот Панде Манојлов.

Промоцијата се одржа во кафе бар Порта џез.