Во Шведска изгоре центар за прифаќање бегалци

0
185

Целосно изгоре ноќта кон саботата зградата на поранешно училиште во местото Кона во општината Љунгби во провинцијата Крунуберг во јужна Шведска, подготвена за прифаќање бегалци, пренесува агенцијата ТТ.

Во просториите биле наместени кревети и мадраци за прифаќање на 80 имигранти. Во пожарот нема настрадани, а местото на инцидентот е целосно затворено за приод од полицијата. Како една од верзиите за инцидентот, полицијата ја испитува можноста пожарот да е подметнат.

„Постојат причини да се претпоставува такво нешто. Ова дело се истражува како ‘подметнат пожар’“, изјавила шефицата на истрагата Ана-Лена Рингбак.

Во Шведска минатиот викенд влегоа рекорден број бегалци кои пристигнале во оваа скандинавска земја. Во 1992 година, за време на војните во поранешна Југославија, во Шведска бројот бегалци изнесувал 84.018 луѓе, а за првите неполни десет месеци од годинава тој веќе достигнал 86.223 регистрирани имигранти.

Како што претходно седмицава рече шведскиот премиер Стефан Лувен, вкупниот број бегалци во земјата со население од 9,5 милиони луѓе, може да достигне 150.000 во текот на 2015 година. Тоа, според него, ова е најголем процент во Европа по глава на жител./крај/мф/сн