Во СЈО, на распит Тачи, Бонева, Ибраимоски.

0
310

Во понеделникот специјалната јавна обвинителска Катица Јанева најави дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова обвинителство. Од утре во СЈО се очекува да влезат и претседателот на ДПА Мендух Тачи, претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимоски, Силвана Бонева, член на ДИК…

„Лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, изјави во понеделникот специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Тачи и Ибраимоски се викнати за да дадат исказ како сведоци во предистражна постапка. За кои предмети, од СЈО не даваат никаков одговор.