Во Скопје откриена фабрика за фалсификувани лични карти

0
545

Полицијата во Скопје откри погон за фалсификувани лични карти, објави телевизијата Алфа.

Според инфоrмациите на Алфа, полицијата извршила претрес во два објекти во Скопје, каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши.

Полицијата при претресот одзела и неколку компјутери на кои според Алфа, имало лични податоци- фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови како и други податоци важни за натамошната истрага.