Во Скопје состанок на Јадранската повелба

0
140

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба. Конференцијата ќе ја отвори началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а на учесниците ќе им се обрати и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. На крајот е предвидено потпишување на заедничка изјава.