Во Словенија изминатата ноќ влезе досега најголемиот бран бегалци

0
3884

На словенечко-хрватската граница во текот на ноќта и утрото во четвртокот влегле досега најголемиот број бегалци  од вкупно 12.600 луѓе, додека од друга страна заминувањето на оние кои во земјата веќе се наоѓаат во бегалските центри кон Австрија е помал од приливот, пишуваат словенечките медиуми според полициски извори.

Најмногу имигранти дошле до граничниот премин Хатмица-Рогонце, додека 700 од нив минале во Словенија кај граничниот премин Заврч-Дубрава Крижовљанска, каде биле донесени со автобуси, но во четвртокот утрото овој граничен премин е затворен. Се проценува дека меѓу две и три илјади луѓе ја минале или ја минуваат зелената граница кај граничниот премин Хармица-Ригонци.

Тие на границата дошле во 4 часот утрото, а поради големиот број имигранти на места е попречен железничкиот и сообраќајот на локалните патишта, според полициската управа во Ново Место. Словенија за доаѓањето на досега најголемата група бегалци на зелената граница не била известен, тврдат од словенечката полиција. Имигрантите ја минале пешки границата и засега остануваат во тоа подрачје, додека подоцна во текот на денот ќе бидат упатени кон Шентиљ. Преминот Хармица-Ригонце е затворен за сообраќај.

Железничкиот сообраќај меѓу Словенија и Хрватска и натаму е во прекин, додека сообраќајот на линијата Марибор – Спиефелд кој извесно време беше прекинат, во четвртокот утрото повторно беше воспоставен, но можни се нови прекини.

Словенечките медиуми наведуваат дела во четвртокот претпладнето австриските капацитети за прифаќање на нејзината јужна граница кон Словенија се речиси пополнети, но дела Австрија најавува оти ќе ги прошири, па и натаму продолжува прифаќањето на луѓето кои доаѓаат од Словенија. Повеќето имигранти кои доаѓаат во Словенија од Хрватска се пренесуваат со возови и автобуси во Шентиљ, каде утрово во шаторите има околу 1.800 луѓе.

Во раните претпладневни часови во четвртокот бегалскиот центар во австриската покраина Штаерска бил преполн со повеќе од 2.000 луѓе, па локалните власти имаат намера да поставата два нови големи шатора, а се очекува и отворање на нови центри за прифаќање, бидејќи доаѓањето на имигрантите од Словенија не спласнува, пишува мариборскиот дневен весник Večer.

Словенија во четвртокот во врска со бегалската криза ќе ја посети еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос, а словенечката министерка за внатрешни работи, Весна Ѓеркеш Жнидар повторни во средата ноќта за Словенечката телевизија дека верува оти Австрија наскоро ќе го сопре примањето на имигрантие од Словенија, па нејзината земја во заштитата на својата граница кон Хрватска очекува помош од полициите на другите земји од шенгенскиот простор. A границата со Хрватска е долга 670 километри и со многу малку природни пречки./крај/мф/сн