Во Словенија се судрија 70 возила, загинаа 5 лица

0
509

Најмалку пет луѓе загинаа, а 30 се повредени во верижен судир кој се случи на автопат во западниот дел на Словенија. Полицијата соопшти дека се судриле околу 70 возила, меѓу нив и автобуси и камиони. Се верува дека причина за несреќата е густа магла и намалена видливост. Несреќата се случи на автопатот кој ја поврзува Љубљана со Јадранскиот брег. Патот е затворен за сообраќај.

Во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана биле пренесени седум повредени, кои се надвор од животна опасност, а уште две лица со тешки повреди треба да бидат довезени од болница во близина на Копер. Во болницата во Изола, пак, биле довезени 22 повредени, од кои деветмина се хоспитализирани, а двајца од нив се во критична состојба.

Словенечката полиција објави дека несреќата се случила меѓу местата Сеножече и крстосувањето кај Нанос во правец на Љубљана, а причината е многу малата видливост поради маглата, неприлагодената брзина и премалата безбедносна оддалеченост меѓу возилата.

Автопатот уште е затворен за сообраќај и по 22 часот. Во помош на настраданите и санирањето на местото на несреќата покрај полицајците ангажирани се и 70-ина пожарникари, а се очекува дека акцијата за расчистување ќе трае уште неколку часа./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY