Во Софија министерски состанок за бегалската криза

0
270

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Софија ќе учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Денешниот состанок во Софија на министрите за надворешни работи на Процесот на соработка во Југоисточна Европа е посветен на решавањето на бегалската криза. На состанокот на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Романија, како и косовската министерка за дијалог со Србија Едита Тахири. Процесот на соработка во Југоисточна Европа е покренат во 1998 година.

Како што информира МНР, предвидено е Попоски да има обраќање во кое ќе ги изнесе ставовите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, со посебен акцент на состојбата со миграциите и бегалската криза и нивното влијание врз вкупните состојби и соработката во регионот и пошироко.

На маргините на настанот, предвидено е Попоски да оствари и билатерални средби.

Без коментари

LEAVE A REPLY