Во сообраќајка кај „Билбил камен“ загина тракторист од битолско

0
2788
На 30.06.2017 година во 14,50 часот на магистралниот пат Ѓавато-Тополчани, на м.в.„Библикамен“, случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ„Ивеко“ со тетовски регистерски таблици управувано од З.Т. (49) од Скопје и трактор „ИМТ“ со битолски регистерски таблици управуван од Д.И. (51) од с.Горно Оризари-битолско. Во незгодата, возачот на тракторот Д.И. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, додека возачот на ТМВ, З.Т. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десно стапало) и по укажаната лекарска помош во КБ-Битола бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целоснао расчистување на случајот.