Во сообраќајка повредени малолетни лица од Битола

0
1098

На 03.01.2016 година околу 14.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосницата за с.Фариш, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Пежо“ со охридски регистерски ознаки, управувано од С.Т.(35) од с.Долно-Дупени-Ресен, ПМВ„Фиат“ со битолски регистерски ознаки, управувано од Б.Т.(25) од с.Лисалај-Битола, и ПМВ „Лада“ со прилепски регистерски ознаки, управувано од С.Д.(23) од Прилеп. Во незгодата со ТТП се здобила сопатничката од ПМВ„Пежо“-Д.Т.А.(33) од Штип, која е пренесена во УЦ-Скопје, додека со ТП се здобиле возачот на ПМВ„Пежо“ и сопатниците од ПМВ„Фиат“-Ж.Т.(49) и двајца малолетници, сите од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кавадарци.