Во сообраќајка повредени младоженецот и невестата

0
218

Младоженците се враќале од свадбената веселба кога младоженецот изгубил контрола над возилото. Тој е тешко повреден, а невестата, која е бремена, поминала со полесни повреди, објави ВЕЧЕР.

На патот од Свети Наум кон Охрид се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрадаа младоженец и невеста.

Враќајќи се од свадбената веселба, од засега неутврдени причини, младоженецот изгубил контрола над возилото, возилото се извртело неколку пати и удрило во бандера крај патот.

Без коментари

LEAVE A REPLY