Во сообраќајката кај Црн мост 7 мина повредени

0
436

Во 20 часот вчера на Црн мост се случи сообраќајна незгода.Несреќата била пријавена во СВР-Битола пријавена незгода на крстосницата со кружен тек на движење со ул.„Булевар 1-ви Мај“ во Битола. Во сообраќајката, ПМВ Хјундаи пони со битолски регистарски таблици во кое се наоѓале возач и 3 сопатници сите од Битола на возраст од околу 20 години и ПМВ-Волсваген Голф со прилепски тегистарски таблици во кое возило се наоѓале возачи 3 сопатници жители на с.Пешталево. Лицата од двете возила,учесници во незгодата се здобиле се со телесни повреди набиеници на подколеница,набиеници на глава и нос), набиеници на глава, врат и граден кош, дисторзија на врат и набиеници на колено каде по укажаната лекарска помош на клиниката во Битола сите се испратени на домашно лекување.