Во сообраќајката кај Удово загина брачна двојка

0
1126

Во сообраќајната несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Удово-Демир Капија, кај месноста Света Петка, животот го загуби брачна двојка од Скопје.

Првично беше соопштено дека во несреќата загинала жена, скопјанката Б.П. која била сопатничка во возилото „фиат сеиченто“, кое утрово во 7.20 часот удрило во автобус на „Струмица експрес“.

Во возилото било и седумгодишното дете на двојката, кое е пренесено в болница и според неофицијалните информации, не е сериозно повредено.

Увидот на местото на несреќата е сè уште во тек, сообраќајот на тој дел од патот е во прекин во двата правци, а возилата се пренасочуваат кон Радовиш и Струмица.