Во сообраќајна несреќа во Саудиска Арабија загинаа 19 египетски аџии

0
330

Деветнаесет лица загинаа во саботата во сообраќајна несреќа на западот од Саудиска Арабија, објавија саудиските власти без да го наведуваат државјанството на жртвите.

Во Каиро, пак, египетското министерство за туризам објави дека во Саудиска Арабија загинале 20 Египќани, 19 возрасни аџии и едно дете.

„Деветнаесет лица загинаа при превртување на автобус на патот меѓу Џеда и Медина“, се вели во соопштението на саудискиот Црвен крст и полумесечина, за областа на Медина.

Во несреќата се повредени 22 лица, од кои некои тешко, додава портпаролот на организацијата и прецизира дека „сите патници во автобусот имаат исто државјанство од една арапска земја, освен возачот кој е Азијат“.

Медиумите наведуваат дека во Саудиска Арабија се чести сообраќајните несреќи каде што муслиманите од целиот свет преку целата година доаѓаат на малиот или на големиот аџилак – хаџот во Мека.

Јорданската полиција во средата објави дека 14 палестински аџии загинале а 36 биле повредени во сообраќајна несреќа на југот од Јордан, во непосредна близина на границата со Саудиска Арабија./крај/мф/сн