Во Србија повторно опасност од поплави

0
449

Српскиот вицепремиер и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоран Михајловиќ денеска итно ги повика сите претпријатија и агенции од Министерството да обрнат големо внимание и да ги преземат сите превентивни мерки против поплави поради поројните врнежи од дожд.

Во повеќе српски општини е прогласена вонредна состојба поради надојдените реки.

Најдраматична е состојбата во градот Пожега, кој е под вода по излевањето на три реки. Поплавени се стотици хектари обработливо земјиште во реонот, како и патишта, а во текот на ноќта луѓето го евакуирале добитокот.

Вонредна состојба е прогласена и во општините Ариље и Лучани, откако водата од реките Моравица и Бјелица поплави повеќе патишта, куќи, фабрики и училишта.

Метеоролозите предупредуваат и на зголемување на нивото на реките во реонот на Ужице.