Во Србија уапсен осомничен за нападите во Куманово

0
350

Осомничен за терористичките напади во Куманово е уапсен на административниот премин Брнјак на Косово.

Ова го изјави Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ кој на прес-конференција изјави дека осомничениот Б.Б пружал логистичка поддршка за терористичките напади во Куманово.
Од македонското МВР ја потврдија информацијата и дека по 41 годишното лице било распишана меѓународна потерница.
Осомничениот е уапсен вчера во рамките на акција за апсење на криумчари на хероин од Турција во Србија и Западна Европа.