Во Србија запленето е големо количество оружје, најверојатно наменето за Македонија

0
993

Во акција на воено-безбедносната агенција на Србија (ВБА) било запленето големо количество оружје на југот на Србија, кое наводно требало илегално да биде транспортирано во Македонија, јави српскиот весник Блиц.

Mинатата недела биле запленети неколку илјади пушки, митралези, минофрлачи и рачни бомби што припадниците на ВБА ги откриле во близина на Прешево и Бујановац додека еден странски државјанин и двајца државјани на Србија од албанска националност наводно се обидувале преку илегални канали да го префрлат оружјето во Македонија.

„Станува збор за големо количество оружје, кое веројатно било наменето за разгорување на судирот во Македонија или за да се предизвикаат инциденти“, пишува „Блиц“ повикувајќи се на извори од ВБА.