Во стампедо во Мека загинаа најмалку 717 аџии

0
354

Најмалку 717верници загинаа а 805 се повредени во човечко стампедо што се случи за време на аџилакот во градот Мина, пет километри од Мека. Се уште не се објавуваат детали за трагедијата, но најверојатно таа се случила при традиционалниот ритуал-каменување на ѓаволот. Оваа година по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам во светото место-Мека пристигнаа 2 милиони аџии. Оваа несрека следува по таа што се случи на 12 септември кога се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека, при што загинаа најмалку 100 верници.