Во судар на возови кај Нови Сад, повредени 22 лица

Во судар на возови кај Нови Сад, повредени 22 лица

0 355

Во железничка несреќа којашто се случила во средата навечер околу 19,30 часот во близина на Нови Сад, во Војводина, повредени се 22 лица од кои пет се деца, но сите се надвор од животна опасност, соопштија властите.

Според информациите од српското министерство за градежништво,сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патнички воз удрил во последниот вагон од товарен воза, кој се наоѓал пред него.

Инцидентот се случил меѓу железничките станици Сајлово и Кисач, покрај Нови Сад. Од надлежното министерство за агенцијата Танјуг рекле дека при сударот патничкиот воз се движел со брзина од 15 километри на час.

Од 22 повредени патници, на кои им е укажана медицинска помош во новосадскиот Клинички центар, 18 се здобиле со полесни повреди, а четири лица биле потешко повредени. Меѓу повредени се и пет деца./крај/мф/сн

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.