Во судир со криминален картел убиени 11 луѓе

0
320

Единаесет луѓе се убиени во саботата во престрелка меѓу федералните сили и припадници на мексикански криминален картел, објавија во неделата властите на северната мексиканска сојузна држава Тамаулипас.

Припадниците на криминалниот картел кои дошле со неколку возила нападнале воена патрола на пат во близина на градовите Монтереј и Нуево Ларедо, на самата граница со САД. Федералните сили кои повеќе од деценија се вклучени во борбата со нарко картелите, возвратиле на огнот, убивајќи осум од напаѓачите.

По тоа следела потера по напаѓачите кои успеале да избегаат, којашто траела еден час по што започнала нова престрелка во која се убиени уште двајца криминалци. Во вкрстениот оган загинала и еден жена, којашто случајно се нашла на местото на настанот.

Во сојузната држава Тамаулипас и превласт над каналите за криумчарење дроги на богатиот американски пазар во моментов се борат за превласт Заливскиот картел и Лос Зетас. Картелот Зетас настана во доцните 1990-те години како огранок на Заливскиот картел,а се осамостои во 2010 година

Mоќниот наркокартел Лос Зетас (Los Zetas), чии припадници се главно поранешни воени и полициски специјалци кои биле суспендирани заради разни престапи, претходно беше ткн воено крило на сега ривалскиот наркоакартел „Картел на Мексиканскиот залив“ (Cartel del Golfo), еден од најголемите наркокартели во Мексико, кој ја контролира илегалната трговија со дрога кон САД по должината на Мексиканскиот залив./крај/мф/сн