Во судири кај Алепо убиени 51 лице

0
505

Најмалку 51 лице се убиени, меѓу нив и четири деца во Алепо и неговата околина вчера, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Жртвите се убиени во бомбардирања и други операции на силите, лојални на режимот на претседателот Башар ал Асад, руските сили, кои ги поддржуваат и бунтовничките сили.

Силите на сирискиот режим бомбардирале неколку квартови во источниот дел на Алепо, контролиран од бунтовниците и убиле 15 цивили, меѓу кои едно дете. Десетици се ранети.

Деветмина цивили, меѓу кои две деца се убиени во артилериски напад на бунтовниците во западните квартови на Алепо, кои се под контрола на режимот.