Во Таки Даскало училница за талентирани ученици со пречки во развојот

0
211

Веќе околу 10 тина дена функционира училиницата „Отворен свет за сите” наменета за талентирани ученици со пречки во развојот во СОУ Таки Даскало во Битола
„За реализација на овој проект, и инвестиција, се подготвувавме во фази,.Во првата фаза беше извршена обука на 114 професори кои ќе одржуваат настава со талентираните ученици и притоа се стекнаа со соодветен сертификат кој овозможува работа со ученици со попреченост, како и вештини за откривање на талентирани ученици кои се со попреченост. “, изјави Владимир Трифуновски директор на СОУ Таки Даскало во Битола
Проектот „Отворен свет за сите” се реализира во рамки на меѓународниот проект на Советот на Европа, „Регионална поддршка за инклузивно образование во Југоисточна Европа” и овозможува надградба на талентирани ученици кои се со попречености во развојот.
Реконтрукцијата и опремата на училницата наменета за реализација на проектот „Отворен свет за сите” чини 15.000 евра, средства обезбедени од фондовите на Советот на Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY