Во талибански напад 27 убиени во Авганистан

0
144

Неколку десетици талибански бунтовници нападна полициска станица во јужната авганистанска покраина Хелманд, усмртувајќи најмалку 17 полицајци, објави полицијата во саботата.

Нападот се случил во саботата утрото. Според податоците на локалните власти, заседата за полицајците била организирана од борците на радикалното исламистичко движење Талибан.

„Во судирот во областа на градот Муса-Кала загинаа 17 полицајци и десетина бунтовници“, изјавил неименуван полициски извор за авганистанската агенција Pajhwok.

„Од сите насоки отворен е оган од сите насоки при што се усмртени 17 полицајци во престрелката којашто траеше неколку часови“, изјавил за Reuters началникот на полицијата на округот Мухамед Еса. Потврдил дека во борбата е убиена десет бунтовници.

Претставниците на талибаните официјално уште не ја преземаа одговорноста за нападот, иако минатиот месец ја најавија офанзивата во покраините во кои фактички се под нејзина контрола. Имајќи предвид дека меѓународните сили повеќе не им даваат воздушна поддршка на авганистанските сили, тие започнаа со заземање на територии во зафрлените делови на земјата, но и во главниот град Кабул./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax