Во текот на ноќта е испратен извештај потпишан од членови на СДСМ што е грубо кршење на деловникот на Собранието

0
780

„Согласно член 128, став 6 од Делновикот на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет имам обврска да го потпишам извештајот, а воедно и единствено јас одговаарам за веродостојноста на тој извештај.

Комисијата за финансирање и буџет заврши една минута до дваест и четри часот и јас до денес, дванаесет часот таков извештај немам добиено. Кога ќе добијам таков извештај, го разгледам и кога ќе бидат вклучени сите дискусии и она што е многу важно како дебата од десетдневната расправа јас без никаков проблем ќе го потпишам тој извештај.

Меѓутоа она што загрижува е дека во текот на ноќта е испратен извештај потпишан од членови и заменици членови од СДСМ. Тоа е грубо кршење на деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Може да кажам дека она што како информација го слушнав од Талат Џафери е дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет не сакал да го потпише овој извештај. Тоа е апсолутна невистина.

Во текот на денешниот ден ако го добијам извештајот и доколку го разгледам без никаков проблем ќе биде потпишан. Прв пат се случува Законодавно-правната комисија без општа и амандманска расправа да поднесе извештај кој е надвор од Деловникот за работа“ рече пратеничката Лилјана Кузмановска.

Без коментари