Во тепачката во македонскиот ресторан во Мелбурн е убиен Дени Димовски

0
6966

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачката што се случила на караоке забава во македонскиот ресторан „Корзо грил хаус“ во Мелбурн.

Дел од медиумите пишуваат дека тој имал битолско потекло.

Австралиските медиуми јавуваат дека по инцидентот неуспешни биле обидите за негова реанимација и Димовски починал веднаш откако бил пренесен во болница.

Убиството се случило кога група луѓе се обиделе да влезат во ресторанот околу 2 часот по полноќ и избегале од местото на настанот.

Кога пристигнала полицијата Димовски лежел избоден со нож.

Сопствениците на ресторанот Џим и Јасмина Рибаровски, изјавиле дека Димовски бил редовен гостин во нивниот ресторан.

Македонскиот ресторан „Корзо грил хаус“ бил отворен во 2014 година, а сопствениците велат дека е „мало парче од европскиот рај во северозападниот дел од Мелбурн“.

линк

линк

 

Без коментари