Во тетовско без жртви и поголеми штети од невремето

0
382

Состојбата во тетовско по синоќешното невреме со дожд, ветер и грмотевици денеска е стабилна. Патниот правец што ги поврзува селата Шипковица-Бродец-Бозовце-Вешала, кој синоќа беше блокиран од наносите на кал, дрвја и камења, денеска е прооден.

Во подшарпланинските села нема предизвикано поголеми штети и нема човечки жртви. Оперативните тимови на општина Тетово и ДЗС остануваат на терен, за да го дорасчистат нередот од улиците.

Дел од реките и потоците се уште се со зголемен водостој, но надлежните продолжуваат будно да ја следат состојбата од можно ново невреме. На терен работи само дел од механизацијата, оти поголем дел е испратена на помош во санирање на штетите во Скопје.