Во Тирана е уапсен гостиварец осомничен за тероризам

0
339

И.А. (46) од Гостивар вчера беше приведен во Тирана по меѓународна потерница распишана од Македонија за учество во странска војска, објавија албанските медиуми.

Гостиварецот пред една година бил осомничен за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена и параполициска формација, но успеал да избега од Македонија.

Случајот сега е во обвинителството во Тирана, кое треба да ја спроведе процедурата за екстрадиција на осомничениот во Македонија.

И.А. е осомничен во рамките на минатогодишната полициската акција „Ќелија“ кога биле приведени 36 лица. Полицијата ги осомничи за учество во паравоени формации, собирање финансиски и логистички средства за потребите на паравоени формации, како и за врбување и поттикнување лица да се приклучат во редовите на Исламската држава.

Шестмина од 11-те обвинети во случајот „Ќелија“ признаа пред судот дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Во овој случај казна затвор од седум години доби оџата Реџеп Мемиши од Чаир.