Во трката за градоначалник во Крушево Христоски, во Ресен Гошаревски

0
966

Владеачката партија почнува да ги објавува кандидатите за градоначалници за локалните избори на 15 октомври.

За Арачиново во трката влегува  Милитие Халими,  во Валандово е предложен Перо Костадинов, за Велес Аце Коцевски, за Демир Капија Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски, во Македонска Каменица Соња Стаменкова, за Неготино Тони Делков, во Охрид градоначалник би можел да биде Јован Стојановски,  во Пласница Шресим Ајроски, во Ресен во трката влегува Живко Гошаревски, во Свети Николе  Пласница Сашо Велковски, во Сопиште Далибор Богдановски, за Старо Нагоричане СДСМ предлага уште една жена кандидат Жаклина Јовановска, за Чашка Горан Стојановски, за Штип Благој Бочварски.

Во Општина Аеродром кандидат е Златко Марин, за Бутел Велимир Смилевски, во Гази Баба во трката влегува Борче Георгиевски, за Ѓорче Петров кандидат е Александар Наумоски, во Кисела Вода за татко на општината СДСМ го предлага Филип Темелковски.

За градоначалничкото место во Струмица е предложен Коста Јаневски.

Без коментари