Во троен самоубиствен напад на езерото Чад 27 убиени

0
415

Најмалку 27 луѓе се убиени а повеќе од 80 се ранети во саботата во троен самоубиствен напад извршен на пазар во Лулу Фу, чадски остров на езерото Чад, соопштија безбедносни извори во чадската престолнина Н’џамена.
„Тројца самоубијци активираа на себе експлозиви на три различни места на еден пазар во Лулу Фу, на островот во езерото Чад“, изјави за AFP неименуван безбедносен извор. „Во тие експлозии има 30 мртви, вклучувајќи ги и тројцата самоубијци, меѓу цивилното население и повеќе од 80 ранети“, додал.

Тоа подрачје владата на Чад од 9-ти ноември го стави под режим на вонредна состојба, по претходните самоубиствени напади на нигериските исламисти од движењето Боко Харам, која претходно годинава ѝ изрази лојалност сунитската терористичка груапција Исламска држава.

Со месеци наназад Боко Харам врши самоубиствени и вооружени напади врз селата на езерото Чад, неколку километри од границата со Нигерија.

Најсмртоносниот напад во Чад се одигра на 10-ти октомври. Тројниот напад со експлозив кои го извршија самоубијците во подпрефектурата Бага Сола резултираше се 41 убиен и 49 ранети.

Четирите земи покрај езерото Чад – Ниерија, Камерун, Нигер и Чад, како и државата Бенин, создадоа Интервентни мултинационални сили чие седиште е во Н’џамена во Чад кои треба да бројат десет илјади војници и полицајци, но им недостигаат финансии да станат вистински оперативни./крај/мф/сн