Во центарот на Загреб откриени 400 килограми ураниум

0
333

Речиси 400 килограми ураниум, кој не бил заведен во официјалната задолжителна евиденција на нуклеарен материјал, се чувал без специјални безбедносни мерки за заштита од зрачење и кражба во самиот центар на Загреб, во магацинот за нуклеарен отпад на Институтот Руѓер Бошковиќ, јавува денес Вечерњи лист.

За нуклеарниот материјал до пред неколку недели воопшто не се знаело, а на него „налетале“ при санација на просторот, потврдил сопственикот на компанијата што го санирала магацинот и неговата лабораторија.

Веста за наоѓањето на нуклеарниот материјал, потенцијално многу опасен за здравјето на луѓето и животната околина, а погоден за злоупотреба во криминални цели, ги шокирала хрватските експерти и безбедносните служби.