Во Турција автобус со деца излета во канал, над 14 загинаа

0
946

Во Турција повеќе од 14 луѓе загинаа кога автобус со деца кои патувале на екскурзија излетал од патот.

Меѓу загинатите патници во јужна Турција има три момчиња и три девојчиња, а повредени се 24 луѓе.

Несреќата се случила кога автобусот, со кој се враќале децата од екскурзија од познатото археолошко наоѓалиште Каратепе во близина на градот Османија, излетал од патот и завршил во канал, информираат од локалната полиција.

Причините за несреќата  допрва ќе се утврдуваат.