Во Турција повеќе десетици приведени меѓу џихадистите

0
308

Околу 50 странски државјани се приведени во неделото утрото во Истанбул во рамките на опсежните операции против џихадистите од Исламската државана којашто е осомничена за најголемиот терористички напад во Анкара од 10-ти октомври кога загинаа најмалку 102 луѓе, пренесуваат медиумите.

Акциите на антитерористичката полиција биле насочени на неколку станови во округот на Пендик, оддалечено предградие на азискиот брег од Истанбул, пренесе телевизијата NTV. Не е наведена националноста приведена.

Според приватната новинска агенција Dogan, сомнителните се подготвувале да заминат во Ирак и Сирија за да се борат на страната на Исламската држава.

Премиерот Ахмет Давутоглу објави дека Исламската држава е главниот осомничен за двојниот самоубиствен напад од 10-ти октомври на главната железничка станица во Анкара пред почетокот на протесната поворка против турско-курдскиот судир на југоисточниот дел од земјата.

Уште 11 осомничени во рамките на истрагата се предадени во неделата на судот во Истанбул, кој може да ги обвини или ослободи./крај/мф/сн