Во Турција се удавиле петмина мигранти, меѓу кои едно новороденче

0
328

Петмина мигранти, меѓу кои и едно тримесечно бебе, се удавија денеска во близина на западниот брег на Турција, откако се превртел чамецот со кој тргнале кон Грција.

Турските медиуми наведуваат дека несреќата се случила рано изутринава, а бегалците планирале да пристигнат до грчкиот остров Лезбос.

Во чамецот се наоѓале мигранти од Авганистан и Иран, а девет лица успеале да се спасат.